Сакате
 
бургер?смути?салата?десерт?кафе?
Сакате
 
бургер?смути?салата?десерт?кафе?

УСЛОВИ НА УПОТРЕБА

Последно ажурирање: 2021-01-29 14:12:09

 

Најпрво едно големо ДОБРЕДОЈДОВТЕ на веб страната на arca.mk. Ви благодариме што не избравте токму Нас за вашата нарачка.  Со пристапување на нашата страница или со користење на нашите услуги, Вие потврдувате дека ги прифаќате овие услови на употреба и се согласувате да ги почитувате. Ве молиме прочитајте ги сите правила и услови внимателно пред да нарачате било какви оброци/продукти од нашиот сајт. Ако имате било какви прашања во врска со овие правила и услови, Ве молиме контактирајте не на info@arca.mk Ако не ги прифаќате овие услови Ве молиме да не ги користите нашите услуги.

ВАЖНО!

ЗАКОНСКА ОБВРСКА:

Доколку нарачате нешто од нашиот сајт www.arca.mk се обврзувате истото уредно да го примите на наведената локација. Доколку го злоупотребите нашиот сервис Арка ќе покрене законска постапка против Вас за да ја надомести штета направена од злоупортебата.

ВНИМАНИЕ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА АРКА!!!

Арка не се обврзува со следните случаи:

1.  Ако нарачката доцни, исконтактирајте го ресторанот, а не тимот на Арка. Секогаш ќе има ситуација кога има лоши временски услови, штрајкови, затворени или блокирани улици за непречено движење кои би го попречиле работењето на нашите доставувачите. Се надеваме дека ќе имате разбирање.

2.  Арка не превзема одговорност за работното време на секој ресторант.    

3.  Доколку температурата на храната е на незадоволително ниво, исконтактирајте го местото од каде што ја извршивте Вашата нарачка.

4.  Доколку нешто недостасува од нарачката, исконтактирајте го местото од каде што ја извршивте Вашата нарачка.

5.  Доколку некој од нашите партнери нема на залиха некој од продуктите веќе објавени во менито, тие се задолжени да ве исконтактират преку телефон. Нашиот ресторан партнер може да понуди алтернатива за секој оброк/продукт што не може да ви го обезбеди.

6. Арка не може да гарантира дека некој од оброците кои се продаваат од страна на нашите партнери се ослободени од алергени.

7. Аrca го задржува правото да го забрани пристапот на било кој краен корисник, кој постојано ги крши авторските права на трети лица.

ТИМОТ НА АРКА ВЕ ЗАМОЛУВА

Би ни било драго доколку го споделите вашето искуство како со нашата страна, така и со вашата нарачка преку нашите партнери. Сите критики, поплаки и пофалби се добродојдени. Ве молиме да не информирате преку E-маил или директно на телефон!

ВНИМАНИЕ ЗА ПАРТНЕРИТЕ НА АРКА!!!

Арка не се обврзува во следните случаи:

Доколку нарачката доцни, вие превземате целосна одговорност за тоа, и сте должни да го известите клиентот.

Доколку сте заборавиле некој од продуктите нарачани, должни сте да го известите клиентот, и да му ја понудите опцијата да му биде доставено.

Доколку сте го промениле вашето работно време, должни сте да го известите тимот на АРКА.

Доколку сте промениле некој продукт од вашето мени или имате намера тоа да го направите, должни сте да го известите тимот на АРКА, во спротивно Арка не превзема никакви одговорности.

За сите променти, ве молиме да го почитувате работно време, и времето потребно за тимот на АРКА да известува.

Доколку не сте задоволни од услугата на тимот на АРКА, секогаш имате можност за прекинување на соработката.

Доколку немате на залиха некој од продуктите објавени на вашето мени, а клиентот веќе ја направил нарачката, вие сте должни да го исконтактирате.

Аrca го задржува правото да го раскине договорот со било кој краен корисник, кој постојано ги крши авторските права на трети лица.

Податоци за нас

Arca.mk e веб сајт основан преку компанијата Перпетуум Цоде, Гевгелија. Перпетуум Цоде е IT компанија која нуди софтверски решенија, развој на веб страни, мобилни апликации како и дигитална маркетинг агенција. Перпетуум Цоде е основана во 2018 година, а проектот Arca е започнат во 2020 година. Аrca претставува бизнис, каде што храната се подготвува од страна на независни ресторани (нашите "партнер ресторани") и истата се продава/нуди/рекламира преку наша веб страна www.arca.mk.

Цел

Целта позади овој проект е да се обезбеди едноставна и удобна услуга за вас, поврзување со нашите партнери и нивните мениа и овозможување да нарачате јадење/продукти од нив.Arca.mk продава храна/продукти во име на нашите партнери и прави нарачки во нивно име.

Достапност на услугата

Arca.mk нуди нарачување и испорака на услуги од нашите партнери само во територијата на град Гевгелија. Ако живеете надвор од областите на испорака, ќе се појави порака  на екранот и ќе ве извести дека онлајн нарачувањето нема да биде можно. Ние не прифаќаме нарачки и не вршиме достава на истите од ресторани со кои немаме склучено договор. 

Нарачки

Кога правите нарачка преку нашиот сервис, вас ви стигнува емаил со потврда за Вашата нарачка исто и потврда на самиот екран откако ќе ја комплетирате нарачката, од нас во име на нашите партнери ресторани. Освен потрврда дека вашата нарачка е потврдена ќе добиете и информација за колку време ќе може да ја подигнете нарачката или во случајот на достава, ќе биде доставена. Ве молиме да се осигурате дека оставате точен телефонски број и  е-мејл адреса, бидејќи на овој начин ќе комуницираме со вас во врска со вашата нарачка. Исто така осигурајте се дека во профилот имате внесено точна адреса и телефонски број, за да биде доставена вашата нарачка на точната локација. Ние ги следиме нашите партнери ресторани многу внимателно и од најголема важност за нас е тие да се во согласност со нашите стандарди и да ни помогнат да се задржи нашата репутација.

Откажување нарачка

Вие имате право да ја откажете нарачката, во разумен рок, но пред да биде нарачана истата. Клиентите можат исто така да ја откажат нарачката доколку се јават во ресторанот партнер, кој е должен да не извести нас за поништувањето на нарачката. Вие нема да ја платите нарачката која е откажана во согласност со оваа клаузула.

Цена и плаќање

Цената на секој оброк е наведена на нашиот сајт и се со вклучен ДДВ. Цените се прикажани во секое од менијата за секој ресторан и се исти како цените во ресторантите. Цените се подложни на промени во секое време, но промените нема да влијаат на тековната нарачка за која ви стигнала е-мејл потврда, освен во случај на очигледна грешка во цените, при што ние веднаш ќе ве известиме за можните  промени. Доколку не ви одговараат променетите цени вие ќе бидете во можност да ја откажете нарачката. Плаќањето на вашите нарачки може да ги вршите само при достава на истата. Арка сеуште нема вметнато начин на онлајн плаќање. Плаќањето се извршува или на испорака или при подигнување на нарачката. 

Пристап и употребување на сајтот

Арка не е одговорна за кои било изгубени податоци додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Сајтот може да е недостапен поради било каква причина. Арка има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот. Како предуслов за употреба на сајтот, Вие се согласувате дека: имате најмалку 18 години; ќе оставате точни информации за Вас во било кое место на сајтот каде оставате податоци; нема да се обидете да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него; вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на Употреба; ќе правите легитимни нарачки и плаќање на истите; ќе ги променувате податоците за вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време. 

Прекинување

Со своето дискреционо право, Arca може да го модифицира или да го прекине софтверот или услугата, или може да го измени, да го суспендира или да го прекине вашиот пристап до софтверот или услугите од која било причина, со или без известување до вас и без одговорност кон вас или било која трета страна. Покрај суспендирањето или прекинувањето на пристапот до софтверот или услугата, Друштвото го задржува правото да преземе соодветни законски мерки, вклучувајќи, без ограничување, извршување на граѓански, кривични или судски надомест. Дури и откако вашето право да го користите софтверот или услугите е прекинато, овој Договор ќе остане спроведен против вас.

Измена на Условите на користење

Arca.mk го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење и/или од Политиката на приватност како што смета дека е неопходно или пожелно. Ве замолуваме да ја проверувате оваа страница од време на време и да обрнете внимание на промените што се направени. Секое користење на сајтот од страна нa крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање на тие измени. 

Контакт

Ако имате загриженост за приватноста, усогласеност или какво било прашање во врска со овие услови на употреба, контактирајте не на:


Адреса:

Булевар 49 Гевгелија, Гевгелија, 1480 Македонија  


Телефони:

+ 38972-600-314;

+ 38970-600-654;  


Е-маил:

info@arca.mk